Жителка на Македонска Каменица подигнала 52.000 денари од туѓа картичка

од Nikola Popovski
20 прегледи

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Т.(41) од Македонска Каменица. Таа се сомничи за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во периодот од 09.06.2025 до 30.06.2025, пријавената во шест наврати неовластено навлегла во електронски систем на банка и со картичка на лице од село во општина Зрновци, од банкомат во истото село подигнала вкупно 52.000 денари, кои противправно ги присвоила.

Случајот е целосно документиран, а надлежното обвинителство е информирано и ќе ги преземе следните чекори во согласност со Законот.