Маркос Томас Перез (62), поранешен полицаец од Мајами и поранешен припадник на обезбедувањето на кошаркарскиот клуб „Мајами Хит“ (2016-2021), а потоа и обезбедувач на НБА за натпреварите (до 2025 година), е обвинет пред федералниот суд во јужниот округ на Флорида за кражба и препродажба на повеќе од 400 сувенири и дресови носени на натпревари, во вредност од 2 милиона долари.
Според обвинението, Перез го искористил својот привилегиран пристап до заклучена просторија со сувенири, наменета за идниот музеј на клубот, од која без одобрение ги земал предметите.
Во текот на тригодишен период, тој продал околу 400 украдени дресови преку интернет-посредници, заработувајќи околу 2 милиони долари.
Посебно вреден е дресот што Леброн Џејмс го носел во финале на НБА. Перез го продал за околу 100.000 долари, а подоцна истиот дрес беше продаден на аукција во Сотби за дури 3,7 милиони долари.
Перез бил еден од ретките вработени кои имале пристап до безбедната просторија за опрема во која биле сместени сувенири што Мајами имал намера да ги изложи во идниот музеј на тимот.