ЦУК попладнево ќе испраќа СМС за алармирање – не стравувајте, се тестира системот

од desk2
100 прегледи

Граѓаните на земјава на своите мобилни телефони ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting денеска попладне, со цел проверка на техничките можности за испраќање масовни известувања и аларми во случаи на кризни состојби, најави Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Станува збор за систем кој овозможува итни пораки да бидат испратени до сите корисници на мобилни телефони што се наоѓаат во одредена географска област, без разлика на мобилниот оператор.

Целта е навремено и ефикасно информирање на населението при пожари, поплави, земјотреси, опасни временски појави или други вонредни ситуации.

Воспоставувањето на овој систем е национална потреба и воедно законска обврска согласно регулативите на Европската Унија, кои бараат сите земји да располагаат со механизам за масовно информирање и алармирање на граѓаните во услови на криза.