Белчева: Конфузијата е намерна, ама нашите одлуки не се менуваат, собирањето потписи трае

Независните кандидати денеска упатија апел да им се помогне да формираат политички партии

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Независните кандидати денеска упатија апел да им се помогне да формираат политички партии.

Според нив, тоа е единствениот сигурен начин граѓанските претставници да можат да учествуваат на локалните избори во октомври годинава.

Советниците во Советот на Град Скопје од Зелен хуман град велат дека однесувањето на институциите создава правна несигурност.

„Конфузијата е намерна. Ама нашите одлуки не се менуваат. Остануваме посветени на НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО. Собирањето потписи трае. Ако не сте се потпишале, побрзајте“, сподели Јана Белчева на социјалните мрежи.

Таа сподели и документ, односно „Упатство за поддршка“ кој може граѓаните да го пополнат со цел да помогнат во овој потфат.

Инаку денеска премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ставањето вон сила Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик не го нарушува изборниот процес за локалните избори, а Државната изборна комисија има законска обврска да донесе ново. Какво ќе биде тоа, рече, зависи од самата Комисија.

Прашан дали тоа би значело оти независните кандидати повторно ќе треба да собираат потписи за учество на изборите, премиерот истакна дека тоа прашање како би изгледал новиот правилник треба да се постави на ДИК.

– Тие, бидејќи го ставија стариот вон сила, согласно законските надлежности носат нов, така што ништо не е доведено под знак прашање, истакна премиерот Мицкоски.

Слични содржини