📽 Трамп сака да го предаде истокот на Украина на Путин, а таму паника: „Сите ќе мораме да заминеме“

од desk2
45 прегледи

Предлогот на Кремљ до американскиот Специјален претставник Стив Виткоф прекинот на огнот да се случи откако на Русија ќе ѝ се отстапат деловите на Донбас што Русија сè уште не ги зазела, предизвика паника кај украинското население. Градот и околните области, досега под украинска контрола, одеднаш би можеле да станат дел од Русија.

На брегот на малото солено езеро крај Словјанск, каде лековитите води обезбедуваат барем моментална издишка од насилството на источниот фронт на само неколку километри отаде, разговорите за можен договор за територија на планираната средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Алјаска в петок, делуваат мрачно и нереално, пишува ЦНН.

„Имам чувство дека пловам вон реалноста“, вели локалниот новинар Михаило додека повремено се лади во езерото, веднаш до големиот бетонски склад за бомби. Гранатирањата се честа појава овде.

Кремљ се заканува со отстапување делови од Донбас
Но предлогот на Кремљ до американскиот Специјален претставник Стив Виткоф на Русија да ѝ се отстапат деловите на Донбас што сѐ уште не ги зазела, предизвика паника кај тамошното населениет. Градот и околните области, досега под украинска контрола, одеднаш би можеле да станат дел од Русија.

„Многу од моите пријатели сакаат да останат тука, а ние сите ќе мора да заминеме“, вели Михаило, „но искрено, мислам дека тоа нема да се случи“. Во воздухот има отпор и свесност дека избрзаната дипломатска игра на Трамп со Путин може да се покаже како неуспешна.

Скептицизмот на локалното население кон дипломатијата
Трамп направи грешка што го извлече од калта и рече: „Владимир, сакам да разговарам со тебе, само затоа што ми се допаѓаш“. Не му е гајле за тоа што секој ден Украинците гинат“, огорчено заклучува Михаило.

Лудмила, која до езерото доаѓа во инвалидска количка, вели дека Соленото Езеро е привремено бегство од болката што ја чувствува откако пред две години стапнала на мина. Не верува во дипломатијата.

„Тие лажат“, замавнува со раката. „Сето тоа им е само претстава. Велат едно, прават друго, тоа е секогаш политика“, вели Лудмила.

Растргнатите животи со војната под притисок на нова закана
Во целиот регион Доњецк, збунувачката вест за наводниот договор на Виткоф со Кремљ, која веднаш беше отфрлена во Киев, дополнително ги зголеми тензиите во веќе разурнатите животи на овие луѓе, пишува ЦНН.

Словјанск во 2014 година беше заземен од руските `сепаратисти` а подоцна украинските сили го повратија. Сега крај западната граница на градот бргу беа ископани нови одбранбени линии, како подготовка за нов напад од Москва. Но, малкумина можеа да замислат дека САД би можел да размислува да го отстапи нивниот дом на Русија.

Во тамошното породилиште, единственото функционално во пошироката околина, Таисија ја гали нејзината ќерка Асол, родена во неделата во свет каде што опасностите во Словјанск одеднаш се зголемуваат.

„Ги видов вестите“, вели таа. „Тоа би било многу лошо. Но, ние немаме влијание на тоа. Тоа нема да биде наша одлука. Луѓето едноставно ќе ги дадат своите домови“.

Раѓањата и смртните случаи продолжуваат, а судбината на Софија Ламехова е особено тажна. Нејзините родители, Наталија и Свјатослав, беа среќни што таа и нејзиниот сопруг Микита решија да живеат со нивниот син Лев во Киев, далеку од првите редови.

„Сакавме да бидат далеку од фронтот. Овде во Словјанск секој ден има дронови и гранатирање“, вели Свјатослав.

Но, тричленото семејство загина во зграда погодена во воздушниот напад на 31 јули во Киев. Софија била бремена три месеци и требало наскоро да се породи во Словјанск, да им донесе добри вести на пријателите.

„Заминаа од војната, а војната ги фати таму“, вели Наталија.

Животот продолжува и покрај војната
Додека ги посетуваат гробовите на семејството на работ на градот, одекнува звукот на украинските борбени авиони. Двојката не може да го напушти Словјанск – нивниот дом, но и место каде што им помагаат на голем број локални жители, честопати постари лица кои живеат сами и преживуваат со помош на донации.

Најблиската железничка станица е во Краматорск, де факто главен град на украинскиот дел на Доњецк, енергична заедница каде животот се одвива во сенката на војната.

На станицата, со звуците на воздушни предупредувања, луѓето ги дочекуваат оние што доаѓаат од Киев, додека збогувањата се одвиваат тивко.

Тетјана, чиј сопруг Серхиј се бори од вториот ден на руската инвазија на Украина, има само една желба.

„Знаеш ли кој е мојот сон? Мојот маж да се врати дома. Не ме интересираат тие територии. Само сакам тој да биде жив и да се врати“, вели таа.

Слични содржини