22
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака договорот за прекин на огнот да вклучува повлекување на Украина од 30-те проценти од територијата на регионот Донецк што сега ја контролира.
Зеленски повтори дека Украина нема да се повлече од териториите што ги контролира, бидејќи тоа е неуставно и би послужило само како појдовна точка за идна руска инвазија.
Тој рече дека Путин ги сака преостанатите 9.000 квадратни километри од Донецк, сега под контрола на Киев, каде што се водат најтешките битки од војната, како дел од договорот за прекин на огнот. Рускиот став, додаде тој, му бил пренесен од американски претставници.