Естонија протера руски дипломат

Дипломатската нота му е доставена на вршителот на должноста амбасадор на Руската Федерација во Естонија, објави Ројтерс.

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Естонија го прогласи првиот секретар на руската амбасада во Талин за „персона нон грата“ и му нареди да ја напушти земјата, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

Дипломатската нота му е доставена на вршителот на должноста амбасадор на Руската Федерација во Естонија, објави Ројтерс.

Министерството во соопштението наведува дека дипломатот „директно учествувал во поткопување на уставниот поредок и правниот систем на Естонија“.

Слични содржини