Шефот на украинското разузнавање Кирил Буданов изјави дека Северна Кореја планира да испрати уште околу 6.000 војници во Русија во блиска иднина, објавија денес украинските медиуми.
Тој додаде дека воена опрема, вклучувајќи тенкови и оклопни транспортери, исто така ќе биде испратена во Русија, објави новинската агенција УНИАН.
Според Буданов, Северна Кореја планира да испрати од 50 до 100 единици опрема, вклучувајќи тенкови М2010 и транспортери БТР-80, за извршување инженерски работи.