Исчезна 39-годишен струмичанец, семејството бара помош во пронаоѓањето

од desk2
5 прегледи

На социјалните мрежи се прошири апел за помош во потрагата по струмичанецот Роберт Дрвошанов (39), кој е пријавен за исчезнат вчера во 14 часот, пренесува порталот Струмички.

Според информациите, во моментот на исчезнувањето Роберт бил облечен во црвени шорцеви, кафенкаста маица, црна капа и бели патики, а со себе носел и црн ранец.

Од семејството упатуваат апел до сите граѓани кои имаат какви било сознанија за неговото движење или можната локација, да се јават на телефонскиот број 077/619-822, кај неговата мајка, Љубинка Дрвошанова.

Слични содржини