Францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот лидер Володимир Зеленски се договорија во телефонски разговор да се сретнат по самитот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска.
Пред вечервашната средба меѓу Трамп и Путин, Макрон ги продолжи контактите со Зеленски, објави телевизијата Bfm, повикувајќи се на извори од Елисејската палата.
„Дијалогот меѓу двајцата функционери е близок и постојан“, изјавија извори блиски до францускиот претседател.