Нов пакет санкции против Русија следниот месец

„Додека продолжува крвопролевањето во Украина, Европа ќе го одржува дипломатскиот, а особено економскиот притисок врз Русија“, рече фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел.

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, објави дека 19-тиот пакет санкции на Европската унија (ЕУ) против Русија ќе биде презентиран на почетокот на септември.

„Досега усвоивме 18 пакети санкции и моментално работиме на подготовка на 19-тиот пакет, кој ќе биде презентиран на почетокот на септември. Додека продолжува крвопролевањето во Украина, Европа ќе го одржува дипломатскиот, а особено економскиот притисок врз Русија“, рече фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел.

Таа нагласи, како што објави бриселскиот портал „Политико“, дека мерките преземени досега имале ефект врз воените способности на рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека замрзнатите руски средства веќе се пренасочени за поддршка на Украина, објави „Мина“.

„Треба да го подготвиме 19-тиот пакет за Русија да види дека сме решени. Потребно е да продолжиме да го ограничуваме својот потенцијал“, рече фон дер Лајен.

Како што изјави таа, ЕУ ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија, за да може, според неа, Путин да седне на преговарачката маса.

Претседателката на ЕК ќе биде меѓу европските лидери кои ќе го придружуваат Зеленски за време на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

„Ова се тешки времиња. Само Украина може да одлучи за својата судбина, но Европа секогаш ќе биде со неа“, заклучи фон дер Лајен.

Слични содржини