Два инциденти на семејно насилство регистрирал Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје вчера.
Само 10 минути по полноќ вчера, 40-годишен маж бил нападнат од неговата сопруга К.А.(40) од Скопје. Случајот в полиција го пријавил дури во 9 часот вчераутро. Инцидентот се случил на подрачјето на општината Аеродром.
Доцна вечерта, во 22.30 часот, пак, 69-годишна жена пријавила дека околу 13 часот дента во куќа на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот малолетен внук.
Полицијата работи на расчистување на случаите.