Палестински Хамас се согласил со новиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, кој е опустошен по 22 месеци војна помеѓу израелските безбедносни сили и исламистичкото движење, јави АФП, повикувајќи се на неименуван извор во Хамас.
Всушност, станува збор за прифаќање на предлогот на Египет и Катар, односно план до две фази според рамката предложена од специајлниот претставник на САД, Стив Виткоф.
Се предвидува Хамас да ги предаде половината од преостанатите 50 израелски заложници или нивните тела што се во Газа, односно од нив 20 се сметаат за живи. Се планира нивно предавање на Израел во два наврата во периодот од 60-дневното примирје.
За тоа време би требало да има преговори за конечен прекин на огнот и повлекување на израелските вооружени сили од палестинската енклава. Планот на Египет и Катар предвидува и достава на хуманитарна помош за жителите на Газа.
Засега нема коментар од израелска страна.