Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска ќе започне терестричната дезинсекција на територијата на градот против возрасни форми и против ларви од комарци.
-Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19 до 22 август (од вторник до петок), во вечерните и раните утрински часови, од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените денови, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи и ќе се реализира во првиот нареден ден со соодветни временски услови.
Градот Скопје апелира до пчеларите навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите за време на третманите.