Mашинско чистење на коритото на река Вардар во Центар

Се чисти делот кај Галиите во Централно градско подрачје, машински се отстранува насобраниот шут и гранки во коритото на река Вардар, соопшти ЈП „Улици и патишта“ Скопје

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје по налог на Град Скопје почнаа со спроведување на активности за машинско чистење на коритото на реката Вардар, согласно програмата за годинава за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Скопје.

Се чисти делот кај Галиите во Централно градско подрачје, машински се отстранува насобраниот шут и гранки во коритото на река Вардар, соопшти ЈП „Улици и патишта“ Скопје.

Екипите изминатиот период тековно ги извршуваат активностите со рачното отстранување на нискостеблестата вегетација од косините на реката. Рачното чистење продолжува да се извршува и во наредниот период согласно планот за работа и по налог на Град Скопје, информираат од претпријатието.

Слични содржини