Додик остана и без дипломатскиот пасош

од desk2
11 прегледи

На поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, му е одземен дипломатскиот пасош, јави Klix.ba.

Додик има 15 дена да го врати пасошот во Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина. Во случај Додик да не постапи во наведениот рок, Министерството за надворешни работи ќе ја извести Граничната полиција и дипломатско-конзуларната мрежа на БиХ за фактот дека неговиот пасош е поништен.

На Додик му е одземен мандатот со одлука на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ, која беше потврдена од Апелациониот совет на Судот на БиХ.

Мандатот му е одземен поради конечната пресуда за неспроведување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина, која беше донесена во јули.

Слични содржини