Четиримина повредени, двајца потешко – автомобил „мерцедес“ удрил во потпорен ѕид на патот Гостивар – Кичево

од desk2
15 прегледи

Во Полициската станица Гостивар вчера попладнето во 17.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на селот Сретково, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(54) од Охрид, удрило во бетонски потпорен ѕид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката Л.Ј.(52) и сопатникот С.Ј.(25), двајцата од Охрид, додека со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка С.Ј.(18) од Охрид, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Слични содржини