СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(35) од Скопје поради сторено кривично дело „убиство“.
На 5 август во „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, по претходно недоразбирање, пријавениот, осуденик, физички го нападнал И.Т.(62), исто така, осуденик, и со стаклен предмет му нанел повреди, по што починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.