Над 100 луѓе – деца и возрасни – се со гастро-интерстинални тегоби и висока температура, по посета на свадба во неделата во Сливенско, соопшти бугарската Агенција за безбедност на храната (БАБХ). На свадбата имало 750 гости, јави бугарски „Медиапул“.
Во моментот, 66 од затруените се сместени во болниците во Сливен, Трговиште, Шумен, Варна, Велико Трново и Јамбол, а состојбата им е средно тешка. Болници се подготвени за прием на нови пациенти – затруени свадбари.
Точната причина за труењето уште не е позната – се чекаат резултатите од земените микробиолошки проби. Според сознанијата на БАБХ, храната што се служела на свадбата била приготвена во домашни услови. Земени се микробиолошки проби и од храната.