Руски извидувачки дрон падна во Полска

од desk2
14 прегледи

Во Полска ноќеска во воздух експлодирал руски извидувачки дрон „Гербера“ со кинески мотор, јавуваат светските новински агенции.

Според полскиот државен секретар за одбрана Станислав Взјонтек, полските власти се сомневаат „можеби не се апсолутна сигурност, но со многу голема веројатност“ дека дронот вклучен во инцидентот е рускиот извидувачки дрон „Гербера“ со кинески мотор, кој експлодирал во воздух.

Доколку се потврди дека е така, би станувало збор за истиот модел што беше вклучен во сличен инцидент во Литванија минатиот месец.

„Гербера“ е руски дрон што до летото 2024 се користи во војната против Украина. Станува збор за многу евтин и едноставен дрон, изработен од полистрен и иверка, што го прави 10 пати поевтин од иранскиот „Шахед“.

„Гербера“ се користи како мамка за исцрпување на украинската противвоздушна одбрана, како извидувачки дрон, а во некои случаи и како камиказе-дрон, со мало количество експлозив.

Слични содржини