Времето утре сончево со мала облачност, в петок и сабота со локален дожд и ретки грмежи

од desk2
15 прегледи

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре прогнозира сончево и топло време, со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

В петок и в сабота во западните и северните делови на земјата ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи.

В петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот, ветрот ќе го смени правецот во северен со умерен, а долж Повардарието повремено засилен, интензитет.

Температурите ќе бидат во опаѓање.

Слични содржини