Израел почна голема операција за воспоставување контрола врз градот Газа

од desk2
11 прегледи

Израелската армија ги презеде првите чекори во својата операција за воспоставување контрола врз градот Газа, објави нејзиниот портпарол, бригаден генерал Ефи Дефрин.

Претходно денеска, министерот за одбрана Израел Кац ја одобри операцијата во која планирано е да се мобилизираат 60.000 резервисти и да се продолжи службата на 20.000 војници.

„Почнавме со прелиминарни операции и првите фази од нападот врз Газа, а израелските вооружени сили веќе ги држат перифериите“ на најголемиот град во истоимениот појас, изјави вечерва генералот Дефрин.

Слични содржини