Армијата на Израел врши операции во градот Газа како подготовка за поголемата офанзива, соопшти воениот портпарол вечерва.
Има извештаи за бомбардирања во Газа и масовно бегање на Палестинците. Повторно има убиени цивили.
Според Израел, периферијата на градот Газа е веќе под израелска контрола, а цел се „терористичката инфраструктура, како над, така и под земјата“, рече портпаролот.
Израел почна голема операција за воспоставување контрола врз градот Газа