Бразилската федерална полиција поднесе документи до Врховниот суд во кои се тврди дека поранешниот претседател Жаир Болсонаро планирал да избега во Аргентина за да избегне судење за наводно планирање воен удар, објавува „Гардијан“.
Во извештај од 170 страници, полицијата соопшти дека документот е пронајден во телефонот на Болсонаро во февруари 2024 година, два дена откако му бил конфискуван пасошот.
Документот, наводно нацрт-барање за политички азил, бил испратен до аргентинскиот претседател Хавиер Миел и го опишува Болсонаро како „политички прогонувано лице“.