„КликниЈади“ привремено ја прекинува работата

Прекинот доаѓа без претходна најава, а засега не се наведени конкретни причини за одлуката, и кога се планира повторно активирање на платформата во иднина.

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Домашната онлајн платформа за нарачка и достава на храна „КликниЈади“ од денеска го прекинува своето работење на неопределено време. Веста е објавена на официјалната веб-страница на компанијата, каде накратко е наведено: „Почитувани корисници, Нашата услуга за достава ќе биде привремено прекината од денес, за неопределен временски период. Благодариме на разбирањето…“

Прекинот доаѓа без претходна најава, а засега не се наведени конкретни причини за одлуката, и кога се планира повторно активирање на платформата во иднина.

„КликниЈади“ започна со работа во 2015 година, позиционирајќи се како еден од пионерите во дигиталната достава на храна на македонскиот пазар. Со текот на годините, платформата стана препознатливо име, нудејќи брза и достапна услуга и соработка со голем број локални ресторани.

Слични содржини