МВР: Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3,6 милиони денари

од desk2
4 прегледи

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје соопшти дека, постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчистила случај во врска со кривичното дело – „измама во службата“ при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од КЗ на РСМ.

Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на сектор во општина Шуто Оризари со цел да прибави противправна имотна корист – од буџетската сметка на општината, по основ на одржување на училишни објекти, во пет наврати изготвил лажни налози за исплата на парични средства злоупотребувајќи печат на општината како и скратен потпис на актуелен градоначалник на истата. Притоа откако ги пуштил паричните средства од тресорска сметка парите биле префрлени по основ на три налози кон правно лице од Скопје, а дополнително осомничениот формирал уште едно правно лице во кое тој бил сопственик каде што исто така пуштил уште два парични налози. На тој начин осомничениот Д.А. го оштетил буџетот на општина Шуто Оризари за 3, 6 милиони денари.

Слични содржини