Возач на автобус со 2,7 промили влетал во детско игралиште – на среќа, било празно!

од desk2
226 прегледи

Пијан возач на автобус влетал во детско игралиште во населбата Христо Смирненски во Софија, но за среќа нема загинати и повредени.

Како што јави „Медиапул“, реквизитите се уништени, а само десетина минути претходно на игралиштето имало две семејства со мали деца.

За инцидентот проговори и кметот на реонот „Слатина“, Георги Илиев. Според него, до инцидентот дошло откако полицијата почнала да го гони возачот на автобус. Инцидентот се случил во 22.30 часот вчеравечер.

Возачот потоа е уапсен, а мерењето со „дрегер“ покажало 2,7 промили алкохол. Се чекаат резултатите од тестот на крвта.

Слични содржини