Автопатот Софија – Ниш готов за еден месец

од desk2
22 прегледи

Бугарскиот автопат „Европа“, што ја сврзува Софија со Ниш преку граничниот премин „Градина – Калотина“, ќе биде завршен за еден месец.

Такво ветување даде бугарскиот министер за регионален развој Иван Иванов.

Според него, автопатот ќе биде готов до средината на септември.

Во моментов, како што рече Иванов, се работи на „Храбарско“ – последните 3 километра на делот од сегментот од последните 16,5 километри пред Софија.

Ова е важна сообраќајница за Софија, оти преку неа минува огромен дел од транспортот од Европа кон Турција и понатаму кон Блискиот Исток. Само гастарбајтерите од Турција што се враќаат во татковината во времето на летните одмори, оставаат милиони евра во платени патарини преку „винетки“ – еднодневен, викенд, седмичен – или месечен однапред платен транзит по патиштата во Бугарија.

Слични содржини