ДОМ: Дали пожарот во Карпош 4 е „нултата фаза” од проектот „Карпош на вода“ на кандидатот за градоначалник што ветува ноќни клубови и ресторани на кејот?

ДОМ ги разобличува политичките игри кои ги водат урбаната мафија и партиските полтрони од власта или опозицијата. Граѓаните и граѓанките на Карпош немаат потреба од дневни дози на фарса - тие заслужуваат транспарентност, одговорност и стручни решенија за заштита на животната средина и нивните имоти.

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува длабоко разочарување кон вчерашниот обид одредени политички субјекти да си играат играчки со безбедноста на граѓаните и граѓанките. ДОМ ја осудува неодговорноста што доведе до големиот пожар во магацинскиот простор до мостот „Обединети нации” и четирите кули во Карпош 4, момент што повторно ја отвора старата рана на пожари поврзани со измени на ДУП-ови.

Сега, кога пламенот повторно го проголтува нашиот простор, се прашуваме: дали ова е „нултата фаза” од бомбастичниот проект „Карпош на вода” на кандидатот за градоначалник што ветува ноќни клубови и ресторани на кејот? Дали некој смета дека борбите со ваквите пожари ќе им дадат зелено светло да го претворат кејот на Вардар во нова Скадарлија или „Београд на води”?

ДОМ ги разобличува политичките игри кои ги водат урбаната мафија и партиските полтрони од власта или опозицијата. Граѓаните и граѓанките на Карпош немаат потреба од дневни дози на фарса – тие заслужуваат транспарентност, одговорност и стручни решенија за заштита на животната средина и нивните имоти.

Зелената партија ДОМ бара веднаш да се усвојат следните мерки: прецизна реконструкција на опожарените локации само по моделот на „ист габарит” на оригиналните градби пред пожарите или изградба на нови паркови или реквизити за лица со попреченост; нови регулативи за безбедносна инфраструктура на сите индустриски зони; итна ревизија на сите урбанистички планови со директно учество на локалното население; строг систем на казни за намерно предизвикување пожари; континуирана едукација и подготовка на стручен кадар; современа и функционална опрема за интервенција и превенција. Овие мерки и претходно беа предложени како иницијатива на ДОМ и се гаранција дека нема да се толерира никакво профитерство врз пепелот и чадот оставен во воздухот на нашите градови и села. Граѓаните на Карпош заслужуваат да живеат во безбедна, зелена и одржлива средина – без оглед на изборните маневри на политичките мастадони, стои во соопштението на ДОМ.

Слични содржини