Зеленски: Путин не разбира ништо друго освен сила и притисок

Зеленски се осврна и на обвинувањата на Трамп против поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и изјавата дека „тој не ѝ дозволил на Украина да се бори, туку само да се брани“, велејќи дека американскиот лидер бил апсолутно во право.

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин за да се стави крај на војната.

„Оваа војна мора да заврши. Путин не разбира ништо друго освен сила и притисок. Секако, ние правиме и ќе направиме сè што е потребно за да ја заштитиме нашата земја и народ“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање синоќа.

Според него, американскиот претседател Доналд Трамп е апсолутно во право кога вели дека е невозможно да се добие војна само преку одбрана, објави агенцијата Укринформ.

„Во исто време, не ги намалуваме нашите напори во дипломатијата, како и преку сите наши контакти со партнерите, за да можат преговорите сè уште да се реализираат, и тоа токму оние што би нè доближиле до мирот“, рече украинскиот функционер.

Тој додаде дека советниците за национална безбедност, Врховниот командант на вооружените сили и Генералштабот работат на воената компонента на безбедносните гаранции на Украина.

„Сега секој ден додаваме контури на идната безбедносна архитектура на Украина. Тие се однесуваат на оружје, финансии, интеракција со нашите партнери, сили на копно, во воздух и на море“, рече Зеленски.

Зеленски се осврна и на обвинувањата на Трамп против поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и изјавата дека „тој не ѝ дозволил на Украина да се бори, туку само да се брани“, велејќи дека американскиот лидер бил апсолутно во право.

Слични содржини