Руни: Фергусон никогаш не би го дозволил тоа

Знам како би реагирал Фергусон и сигурен сум дека тоа не би било убаво. Нема шанси тоа да помине добро кај Фергусон – рече Руни.

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Интервјуата на полувремето станаа норма во Премиер лигата, а еден од најголемите стрелци на сите времиња, Вејн Руни, изјави дека тоа немало да помине добро кај неговиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.

Легендарниот напаѓач на Евертон, Манчестер Јунајтед и Англија ја нарече вежбата луда во својот поткаст.

– Кога потпишав за Ди Си Јунајтед, тие првично сакаа да правам интервјуа на полувремето како играч, што јас го одбив. Според мене, фокусот мора да биде исклучиво на играта и што ќе се случи во следните 45 минути. Знам како би реагирал Фергусон и сигурен сум дека тоа не би било убаво. Нема шанси тоа да помине добро кај Фергусон – рече Руни.

Сепак, како менаџер на Манчестер Јунајтед, Фергусон редовно беше достапен и даваше интервјуа на полувремето кога се играше Лигата на шампионите.

Слични содржини