Македонската асоцијација за рударство ќе подготви пакет забелешки за новиот Закон за рударство

од desk2
7 прегледи

Македонската асоцијација за рударство ќе подготви пакет забелешки за новиот Закон за рударство, чиј предлог е достапен на електронскиот национален регистар за прописи (ЕНЕР).

Претседателот Диме Пероски за Телма изјави дека неколку компании-членки на асоцијацијата веќе ги испратиле своите забелешки, а овие денови се очекува да пристигнат и останатите по што ќе имаат заеднички состанок и ќе се состави листата во законскиот рок овозможен за тоа.

Членките на Асоцијацијата ги разгледувале и еколошките стандарди што ги пропишува новиот закон и сметаат дека веќе се приближуваат до Европските стандарди.

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини известуваат дека се засилува контролата и од формирањето на министерството до денес се одземени вкупно 45 концесии.

Слични содржини