Уапсен 67-годишник во Владимирово, се заканувал на полицаец и се обидел да го повреди

од desk2
5 прегледи

Во селото Владимирово, Беровско, вчера во 19.10 часот полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Д.П.(67) од Берово затоа што агресивно се однесувал, упатувал закани и се обидел со тврд предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини