Хау: Сакам да соработувам со Исак, тој може да ги врати навивачите на своја страна

Њукасл го пречекува Ливерпул во второто коло од Премиер лигата. Сепак, менаџерот на „страчките“, Еди Хау, зборуваше повеќе за ситуацијата со напаѓачот Александар Исак

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Во пресрет на судирот Њукасл-Ливерпул, на теренот сè уште се зборува за судирот меѓу двата клуба околу Александар Исак. Иако, не станува збор за директен судир меѓу двата клуба, туку меѓу играчот и клубот во кој се наоѓа.

Исак јасно изјави дека сака да си оди, Ливерпул чека како ќе се отплетка ситуацијата. А Еди Хау, барем декларативно, сè уште се надева дека сè би можело да се врати во ситуацијата пред преодниот рок, кога Швеѓанецот безмилосно ги полнеше мрежите на противниците на Њукасл.

– Тој има договор со нас, тој е наш играч. Го сакам 100% во дресот на Њукасл. Мојата желба е да биде во составот во понеделник. Но, нема да биде и тоа е жално – рече Хау.

И покрај острите зборови, Хау верува дека сè може да се врати и дека Исак повторно може да го предводи нападот на Њукасл. А дел од таа работа е и обнова на односот со навивачите, бидејќи тие не гледаат многу позитивно на она што Швеѓанецот го прави сега.

– Мислам дека тој може да го обнови односот со навивачите. Мислам дека навивачите првенствено ќе реагираат на тоа како игра играчот и што тој му дава на тимот. Секогаш има две страни на приказната. Мојата работа сега е да го поддржувам Алекс и да се грижам за него, додаде тој.

Њукасл и Ливерпул го затвораат второто коло од Премиер лигата во понеделник.

Слични содржини