Кина е подготвена да учествува во мировна мисија со мандат на ОН во Украина

Оваа идеја на Пекинг наидува на поделени мислења во Брисел, бидејќи постои страв дека Кина ќе ја искористи оваа позиција за шпионажа или дека, во случај на ескалација, ќе заземе проруски став наместо неутрален, изјавил дипломатски извор од ЕУ за „Велт“.

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Кина изрази подготвеност да учествува во мировни трупи во Украина, под услов мисијата да биде одобрена од Обединетите нации, пишува германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на извори од Европската Унија запознаени со деталите.

Оваа идеја на Пекинг наидува на поделени мислења во Брисел, бидејќи постои страв дека Кина ќе ја искористи оваа позиција за шпионажа или дека, во случај на ескалација, ќе заземе проруски став наместо неутрален, изјавил дипломатски извор од ЕУ за „Велт“.

Дополнителен проблем за ЕУ ​​е што повеќето земји не се склони да одобрат мисија со мандат на ОН од различни причини, додадоа изворите.