Норвешка најави 600 милиони евра за купување ПВО системи наменети за Украина

Норвешка и Германија финансираат купување на два системи за воздушна одбрана „Патриот“ за Украина, вклучувајќи и ракети.

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Норвешката влада денес објави дека ќе издвои приближно седум милијарди норвешки круни (600 милиони евра) за купување ПВО системи наменети за Украина.

„Заедно со Германија, сега работиме на тоа Украина да добие силни системи за против-воздушна одбрана“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, додавајќи дека Германија и Норвешка соработуваат многу тесно за да ја поддржат Украина во нејзината борба за одбрана на земјата и заштита на цивилното население од руски воздушни напади, објави Ројтерс.

Норвешка и Германија финансираат купување на два системи за воздушна одбрана „Патриот“ за Украина, вклучувајќи и ракети.