Таксист во Хрватска им наплатил на туристките 643 евра за возење, сега објасни зошто ги „одрал“

Млади туристки го снимиле разговорот со таксист од Хрватска, откако биле шокирани од износот на сметката, која изнесувала 643 евра

од Vladimir Zorba
625 прегледи

Млади туристки го снимиле разговорот со таксист од Хрватска, откако биле шокирани од износот на сметката, која изнесувала 643 евра.

Откако приказната стигна до медиумите, таксистот ја претставил својата верзија за настанот за порталот Dalmatinski. Тој тврди дека не била наплатена само километражата, туку и чистењето.

„Цената на превозот беше 280 евра, а јас наплатив 350 евра за чистење на возилото според ценовникот прикажан во автомобилот. Девојките истурија Швепс, а зад една од нив имаше локва на задното седиште, па морав да направам длабинско чистење. Сакав да ја повикам полицијата за да ја решам ситуацијата, но не сакав да правам сцена за луѓето во хотелот. Едно девојче го повика својот татко, со кого на крајот се согласив да наплатам 150 евра во готово за возењето, и тоа е целата приказна. На крајот, платив 70 евра за длабинското чистење, и за толку практично го направив возењето“, рече таксистот.

Тој откри и дека според ценовникот, тој навистина вози за 20 евра по километар, но само на рути подолги од 30 километри. Додаде дека девојките дури и не прашале колку ќе ги чини возењето, едноставно се качиле во таксито, пренесува порталот.

Слични содржини