Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Русија продолжува со војната, игнорирајќи ги меѓународните повици за запирање на насилството и уништувањето, и дека нападот на руски беспилотни летала врз цивилната инфраструктура синоќа оставила повеќе од 100.000 домаќинства без електрична енергија во неколку области низ целата земја.
„Потребни се нови чекори и дополнителен притисок врз Русија за да се запрат нападите и да се гарантира вистинска безбедност“, рече Зеленски.
Според украинскиот претседател, речиси стотина беспилотни летала ги нападнале регионите Полтава, Суми и Чернихив, што предизвикало прекини во електричната енергија, пренесе Укринформ.