Кина за три пати ќе го зголеми производството на AI чипови

Комбинираното производство во трите планирани фабрики би можело да го надмине моменталниот капацитет на најголемиот производител на чипови во Кина, SMIC, чиј најголем клиент е Huawei. SMIC планира да го удвои својот капацитет за производство на чипови од седум нанометри следната година.

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Кинеските производители на чипови планираат да го зголемат производството на чипови за вештачка интелигенција (AI) за тројно до 2026 година, во обид да ја намалат зависноста од Nvidia.

Huawei планира да започне со производство во фабрика специјализирана за чипови за вештачка интелигенција до крајот на годината, а уште две треба да се отворат во 2026 година. Иако фабриките се дизајнирани првенствено да му служат на Huawei, сопственоста врз нив сè уште не е јасна. Самиот Huawei изјави дека нема планови да поседува сопствени капацитети, објави Financial Times.

Комбинираното производство во трите планирани фабрики би можело да го надмине моменталниот капацитет на најголемиот производител на чипови во Кина, SMIC, чиј најголем клиент е Huawei. SMIC планира да го удвои својот капацитет за производство на чипови од седум нанометри следната година.

Пекинг го забрзува развојот на домашни чипови за вештачка интелигенција, додека кинеските фирми работат на процесори кои би можеле да се натпреваруваат со специјално адаптираниот модел H20 на Nvidia, за кој властите имаат безбедносни грижи.

Huawei планира да започне со масовно производство на својот најнапреден чип за вештачка интелигенција на почетокот на 2025 година, и покрај пречките предизвикани од санкциите на САД.

Слични содржини