Поранешниот шампион на УС Опен, рускиот тенисер Данил Медведев е казнет со 42.500 долари за неспортско однесување за време на неговиот пораз во првото коло на турнирот во Њујорк, јави Би-Би-Си.
Русинот беше елиминиран од Французинот Бенџамин Бонзи по бурната реакција предизвикана од влегувањето на фотограф на теренот во клучните моменти од натпреварот.
Тениската асоцијација на САД го казни Медведев со 30.000 долари за неспортско однесување и дополнителни 12.500 долари за кршење на рекетот.