Загина возач кај Облешево – автомобилот излетал од патот

од desk2
4 прегледи

Во сообраќајна несреќа што се случила утрово кај селото Облешево, загинал возач откако патничко возило излетало надвор од коловозот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата е пријавена во СВР Штип денеска во 9.43 часот. Според пријавата, автомобил „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки излетал од патот, при што возачот починал на самото место. Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта.

Во тек е увид на местото на несреќата, а полицијата презема мерки за целосно утврдување на идентитетот на возачот и причините за несреќата.

Слични содржини