Кузеска: Сите податоци покажуваат дека граѓаните живеат потешко и посиромашно

од desk2
9 прегледи

Додека власта сака да им каже на луѓето дека не знаат како живеат, дека цените не растат, дека не е се поскапено и дека тече мед и млеко, сите податоци покажуваат дека граѓаните живеат сè потешко и посиромашно, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

„Синдикалната минимална кошница е поскапа за речиси 5.000 денари, само за една година. Во исто време, минималната плата порасна за само 1.800 денари.
Зеленчукот поскапел за 63,3%, а овошјето за 33% само за една година.
Инфлацијата е 4,8% и ги јаде примањата на граѓаните“, порача портпаролката.

Таа вели дека реалната плата во јуни пораснала само за 3,8 отсто, а СДСМ овозможил раст од 11 отсто.

„Реалната плата во јуни порасна за само 3,8%, додека со мерките на СДСМ растот беше над 11%. За прв пат по долго време имаше и пад на просечната плата споредено со претходниот месец.
Со други зборови: цените растат, платите мируваат, а куповната моќ на граѓаните паѓа.
За само една година власт на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е доведена во најголема економска несигурност досега“, порача портпаролката на СДСМ.