Загинал 21-годишник од Градско, тројца други млади тешко повредени во сообраќајка

од desk2
15 прегледи

Тешка сообраќајна несреќа се случила ноќеска, 10 минути по полноќ, на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата загиналл 21-годишен жител на Градско, а тројца се здобиле со тешки телесни повреди.

Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес информира дека автомобилот „бмв“ управуван од П.А.(22) излетал од патот, при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20), двајцата од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци.

Од здобиените повреди починал Љ.О. а останатите повредени се пренесени во Општата болница во Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција и извршен е увид од СВР Велес.

Слични содржини