Физички напади поради недоразбирање во сообраќајот во две села во Полошко

од desk2
8 прегледи

На подрачјето на СВР Тетово, вчера се регистрирани физички напади поради недоразбирање во сообраќајот, при што станува збор за напади врз едно или две лица. Во еден од случаите, биле нападнати и двајца сопружници

Вчера во 17:25 часот во с.Нереште, општина Теарце, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Б.(46) и Б.М.(49) двајцата од с.Нераште, поради тоа што околу 09:00 часот во с.Нереште, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале Ј.А.(44) од с.Јажинце, општина Јегуновце, а употребиле и тврд предмет, а при обид да ги спречи во намерата, физички ја нападнале и неговата сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Ноќеска во 20 минути по полноќ, во ОВР Гостивар, Ф.А.(42) од с.Долна Бањица, гостиварско пријавил дека на вчера околу 10 часот во с.Долна Бањица по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини