Авионско прскање против ларви од комарци утре наутро

од desk2
10 прегледи

Град Скопје извести граѓаните дека утре, петок, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.