До 18 часот активни 6 пожари

од desk2
21 прегледи Фотографија: mvr.gov.mk

Денеска до 18 часот на територијата на земјава се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 сe под контрола и 8 пожари се изгаснати, соопшти ЦУК.

🔥 АКТИВНИ: 6
1. Општина Врапчиште: помеѓу селата Добри Дол и Врапчиште (сува трева)
2. Општина Сарај: с. Копаница (сува трева)
3. Општина Старо Нагоричане: с. Магленце (сува трева)
4. Општина Велес: кај фабрика „Киро Ќучук“ (ниска вегетација)
5. Општина Кавадарци: близина на Тиквешко Езеро (нискостеблеста шума и трева)
6. Општина Битола: М.В. Ергела (сува трева и стрниште)
🟠ПОД КОНТРОЛА: 4
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
2. Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар)
3. Општина Желино 1: с. Мерово (мешана шума)
4. Општина Желино 2: с. Церово (ниска вегетација и мешана шума)
🟢 ИЗГАСНАТИ: 8
1. Општина Кавадарци: с. Страгово (сува трева)
2. Општина Струмица: с. Сачево (сува трева)
3. Општина Чешиново-Облешево (стрниште)
4. Општина Липково: с. Матејче (сува трева)
5. Општина Ранковце: с. Отошница (сува трева)
6. Општина Битола: с. Лажец (стрниште)
7. Општина Кавадарци: с. Мрежичко (нискостеблеста шума)
8. Општина Битола: Ул. Довлеџик (сува трева)