Холандскиот министер за одбрана, Рубен Брекелманс денес изрази разочарување од ставот на Унгарија, која ги блокира средствата од Европскиот мировен фонд, вклучително и оние за купување американско оружје како дел од новата иницијатива на НАТО, велејќи дека тоа ги попречува мировните напори за завршување на војната во Украина.
„Во врска со Европскиот мировен фонд (ЕМФ), вчера разговаравме за ова прашање. И за мене, тоа не е само непријатно, туку и, според мене, контрапродуктивно, бидејќи Унгарија вели дека „промовира мир“, но во исто време не се согласува со можноста за користење на средствата од Европскиот мировен фонд (ЕМФ) за вооружување на Украина“, рече Брекелманс.
Тој додаде дека Европскиот мировен фонд би можел да се користи и како дел од иницијативата за финансирање на купување американско оружје од трети земји за снабдување на Украина.