Почина психијатарот Виктор Исјановски, СДСМ изрази сочувство

Исјановски е роден е на 21 јули 1978 година во Скопје, каде ги завршува основното и средното образование. По професија беше специјалист психијатар и зад себе остави богата професионална кариера.

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Поранешниот директор на ЈЗУ „Здравствен дом – Скопје“, Виктор Исјановски ненадејно почина.

Исјановски е роден е на 21 јули 1978 година во Скопје, каде ги завршува основното и средното образование. По професија беше специјалист психијатар и зад себе остави богата професионална кариера.

Од опозициската СДСМ изразија сочувство преку социјалните мрежи.

„Длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на прерано починатиот наш другар и сопартиец, д-р Виктор Исјановски.

Загубивме голем човек, посветен татко, сопруг, социјалдемократ, доктор-специјалист кој целиот свој живот го посвети на најважното: здравјето на луѓето.

Придонесот на д-р Исјановски за македонското здравство, неговата хуманост и борбата за вистинските социјалдемократски вредности ќе останат трајно наследство за сите нас.

Нека му е вечна славата и светол споменот“, споделија од партијата.