Меџити до Османи: Дали најмалку двапати си бил во Будимпешта на средба со Груевски?

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска јавно побара неговиот противкандидат Бујар Османи да одговори дали е вистина дека најмалку двапати бил во Будимпешта на директна посета со Никола Груевски.

Меџити најави дека откако Османи ќе одговори на ова прашање, ќе каже кога било и како било.

„Ќе поставам прашање-дали е вистина дека најмалку двапати бил во директна посета со Груевски, ќе почекам да видам како ќе одговори, па потоа ќе му кажеме кога било и како било”, изјави денеска Меџити пред медиумите.