Најчевска: Да бев избрана за градоначалник во 2009 околу Скопје ќе немаше ниту една депонија, но вие го сакавте Коце дрвосечачот

Веќе 20 години повторувам дека во Македонија треба да се изградат инценератори, порача Најчевска

од Nikola Popovski
466 прегледи

Професорката и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска го поздрави фактот што во Данска е изграден зелен парк на покривот на фабрика која отпадот го претвора во енергија и го спореди со ситуацијата во Македонија. Најчевска истакнала дека постојано бара изградба на инценератори во земјава.

-Веќе 20 години повторувам дека во Македонија треба да се изградат инценератори…Да бев јас избрана за градоначалник во 2009 година околу Скопје ќе имаше најмалку 5 инценератори и ниту една депонија. Ама вие го сакавте Коце дрвосечачот. Ова што го живеете е важа желба, објави Најчевска.

Според објавените информации од Данска, зелениот покрив од 10.000 квадратни метри функционира како активен регулатор на микроклимата, подобрувајќи го квалитетот на воздухот, апсорбирајќи ја дождовницата и намалувајќи го ефектот на топлински остров. Таму се засадени и неколку стотици дрвја и илјадници грмушки, избрани поради нивниот биодиверзитет, отпорност на ветер и ограничена длабочина на почвата.